Претседателот Иванов на глобален форум во Баку
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан каде ќе учествува на 4. Глобален Баку форум, во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.
Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, на тема „Состојбата на светот денес и што треба да направиме за клучните предизвици”.
За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да оствaри повеќе средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, како и од бизнис заедницата.
Главни теми на собирот се мигрантската и бегалската криза, мултикултурализмот и прашањата за интеграцијата, меѓуверскиот дијалог, состојбите во Украина и преземање на глобална одговорност за Сирија.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина