Претседателот Иванов на Економски форум во Полска
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре ќе престојува во работна посета на Република Полска, по повод учеството на 25. Економски форум, што ќе се одржи во Круница – Здруј.
Како што соопшти кабинетот на престедателот, во рамки на форумот, Иванов ќе се обрати на сесијата насловена „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината“, и на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината – Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“. Во фокусот на годинешниот форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.
За време на посетата предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Економскиот форум, кој оваа година се одржува по 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа.
Во македонската делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот без ресор, Фуркан Чако, кој пред полските бизнисмени ќе ги презентира поволностите и можностите за инвестирање во РепубликаМакедонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација