Македонија
26. October 2016 - 16:17

Претседателот Иванов додели орден за заслуги за Македонија за Драмски театар – Скопје

Претседателот  Ѓорѓе Иванов го додели највисокото  признание ,,Орден за заслуги за Македонија  на Драмски театар-Скопје . 

Екипата на Драмски театар навистина има причина да биде горда на својата богата историја и на уметничките достигнувања-потенцира Иванов.

Орденот за заслуги за Македонија не им припаѓа  само на моментно вработените  , туку и на сите оние кои својот работен век го поминале  во Драмски театар-Скопје, и  на гледачите кои се и најголем поттик за сите наши креации и успеси- истакна директорот  Роберт Вељановски.

НУ  Драмски театар –Скопје се одликува со ,,Орден за заслуги за Македонија ,, по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање , промовирање , и негување на македонското и светското драмско творештво, со што исклучително придонесе за збогатувањето на македонската култура и за афирмација на Република Македонија во светот.