Македонија
31. May 2016 - 20:33

Претседатечот Иванов на Самит на процесот за соработка во ЈИЕ во Софија

Дводневната работна посета на Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Претседателот Ѓорѓе Иванов ја почна со средба со бугарскиот Претседател Росен Плевнелиев. 

На средбата, која што е сеуште во тек, се очекува да стане збор за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Бугарија. Актуелните состојби во регионот, особено во контекст на неговите евро-атлански перспективи и мигрантската криза.

Во своето обраќање на утрешниот самит, како што информираат од неговиот Кабинет, Претседателот Иванов ќе ја реафирмира позицијата на РМ, дека и натаму остануваме активен и конструктивен партнер во регионалното опкружување. Република Македонија е силно посветена на промоција на принципите на добрососедство и помирување во регионот и се залага за продлабочена регионална соработка.

Во пресрет на самитот, утре Претседателот Иванов ќе оствари средбата со Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.