Македонија
6. February 2018 - 15:25

Претрес во Лабуништа, еве што откри полицијата

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  С.М.(45) од село Бороец, струшко за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“. 

На  26 декември минатата година од страна на полициски службеници и инспектори од Управата за јавни приходи, во село Лабуништа, при контрола во објект без фирма, бил затекнат пријавениот,  како приредува игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца.