Претприемничко учење за млади за намалување на невработеноста
„Претприемачко учење за млади“ е насловен проектот што ќе биде промовиран денеска во ЕУ инфо центарот.
Со финансии од Европската Унија преку Еразмус + програмата, проектот ќе го спроведат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijan si Dezvolatare од Романија.
- Целта е преку едукација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ја намали невработеноста и да го развива претприемништвото во Македонија, соопштија од Здружението ЦЕФЕ Македонија.
Како што појаснуваат, предвидено е да се формира Академија за претприемништво во која ќе се вклучат 60 млади лица, по 20 од Македонија, Романија и од Грција. Преку Академијата, младите треба да ги развиваат своите претприемнички способности и да се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им пренесат знаење за организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада