Македонија
18. January 2018 - 8:18

Претпладне променливо облачно, попладне невреме

Претпладне променливо облачно, во западните делови облачно со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе се прошират насекаде, пообилни ќе бидат на запад и североисток (локално над 30л/м2) каде на места ќе бидат поројни и со услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен југозападен ветер (над 70 км/ч, а на планините и над 100 км/час). Во вечерните и ноќните часови ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места, а во северозападните подрачја ќе има услови и во пониските делови. На планините претежно на запад ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30см, а ќе има и појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
 
Во четврток ќе биде студено со засилен северозападен ветер, а в петок суво и потопло со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.