Македонија
12. October 2017 - 13:06

Претепан млад тетовец, тројца насилници му го смениле личниот опис

Вчера во 16,30 часот во ПС-Тетово, А.С. (29),  пријавил дека на претходниот ден околу 20,15 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово.

Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој. паднал на плочникот. 

Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото.

А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.