Македонија
21. February 2017 - 14:34

Претекнувал па завршил во друго возило: Страшна сообраќајка во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот на патот Прилеп-Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Браво“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот С.А. од селото Црнилиште, општина Долнени, во сопственост А.Џ. од истото село и возило  „Ауди А4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Н.Ш. од селото Лажани, општина Долнени.

Незгодата се случила во моментот кога возилото „Фиат Браво“ вршело престигнување по сообраќајната лента наменета за сообраќај во спротивен правец. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Ауди А4“ и 28-годишниот С.М. инаку сопатник во автомобилот „Фиат Браво“.

Со телесни повреди се здобиле возачот на  „Фиат Браво“, како и двајцата малолетни сопатници во „Ауди А4“.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ПС ОН Прилеп.