Балкан
24. December 2015 - 9:58

Пресврт во сообраќајката во која загинаа студенти: „Само Бог ми помогна да излезам жив од...“

Во медиумите во регионот деновиве се пишуваше на големо за трагедијата која сите ги зави во црно, во која загинаа млади студенти. Најмногу внимание му се посвети на студентот кој успеа да се спаси, како што пишуваа медиумите, кршејќи го прозорецот од автомобилот кој слета во Неретва. 

Преживеаниот студент се огласи по трагедијата: - Ве молам, за никого не сум дал изјава, никого не го обвинувам за оваа трагедија, но ме боли кога читам дека сум суперхерој, дека сум го скршил прозорецот...тоа не е така, тој беше скршен и само Бог ми помогна да се спасам од таму, вели Стјепан Бошковиќ, преживеаниот студент.

Тој додава дека за никого не дал изјава иако се пишувало сешто, бидејќи сака на родителите на неговите пријатели да им раскаже што се случило, а не со своите изјави да им ја зголеми болката.

- Само Бог ми помогна да излезам жив од Неретва, тоа е вистината, вели тој низ солзи.

Во страшната несреќа во која автомобилот на студентите влета во Неретва, загинаа 4 млади лица.