Балкан
31. March 2017 - 10:48

Пресврт во случајот со таткото кој го фрли бебето: Малата Милица ќе излезе од болница, мајка и се врати на насилникот

Бебето Милица Васиќ, кое таткото Миломир Становиќ (22) пред месец дена ѕверски го тресна од под наскоро треба да излезе од болница. За тоа време, нејзината мајка Славица Васиќ (22) се врати во куќата на насилникот.

Милица која од силината на ударите се здоби со тешки телесни повреди е во се подобра состојба, велат од детската болница каде се опоравува бебето, а наредните денови ќе се размислува за нејзиното натамошно лекување и пуштање од болница:

-Бебето е на одделението за неурохирургија. Моментално ја снимаат на скенер, рекоа во болницата.

Како што вели таткото на Славица Живан, по сослушувањето во обвинителството таа изјавила дека нема кривично да го гони. Славица од семејниот дом кај Уб се преселила во Белград кај родителите на насилникот, каде живеела со мажот.

-Многу сум лут, не предаде. Не ме интересира повеќе ни Славица ни внуката. Отиде кај Миломир и помина преку се што тој ни направи, огорчен е Живан.

Постапката против Станковиќ се уште е во тек, а моментално се наоѓа во притвор.