Балкан
12. April 2016 - 10:38

Пресврт во истрагата: Пејачката Јелена не била убиена во каналот

Нови моменти од убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ. Убавата пејачка не била убиена на местото за кое досега се пишуваше дека било место на монструозното убиство.

Најновата теорија за грозоморниот чин која кружи низ Борча деновиве е дека пејачката била убиена на друго место, далеку од она каде била пронајдена. Нејзиниот сосед вели дека во потрагата во која биле вклучени голем број полицајци, полициски кучиња, како и пријателите и роднините на Јелена, бил и тој, и го проверил токму каналот каде пејачката беше пронајдена целата крвава. Тој вели дека во моментот кога тој го прегледувал местото, телото на Јелена не било таму, па затоа смета дека таа е убиена на сосема друго место.

- И сами ќе заклучите дека е невозможно. Ќе останеа некакви траги. Ќе имаше некаков доказ, вели соседот за српските медиуми.

Инаку, полицијата и натаму трага по убиецот кој ја удирал пејачката 30 пати со дрвена палка по главата. Таа веќе по првиот удар се онесвестила, а по петтиот била мртва, од крварењето на мозокот од бруталните удари.

Пејачката беше пронајдена фрлена во канал, за кој сега соседот тврди дека не е местото на трагедијата, туку дека таа само била донесена и фрлена во него, недалеку од местото каде последен пат била видена.

Пријателите на Јелена и нејзиното семејство и понатаму не можат да се помират со судбината. 

Ново на Сител