Свет
20. April 2017 - 21:45

Престрелка во Париз, убиен полицаец убиен на Елисејските полиња

Според повеќе сведоштва, вечерва на Елисејските полиња (Шанзелизе) имало престрелка, во која еден полицаец е убиен, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во моментов на најубавата авенија во севтот е во тек полициска акција, за што сведочи и пораката на полицијата на својот Твитер профил, во кој бара од Парижаните и туристите да го избегнат реонот на Елисејските полиња.

Според БФМ ТВ, во инцидентот серанети двајца полицајци, а едно засега неидентификувано лице е рането од полицијата.