Македонија
24. May 2016 - 9:23

Престрелка пред ресторанот „Фурна“, рането едно лице

Едно лице е застрелано во престрелка која вчеравечер околу 23 часот се случила во близина на ресторанот Фурна во центарот на Скопје, дознаваме од полициски извори.

Околу 22.05 час на ул М.Т.Гологанов ББ на паркингот од Фурна, лицето М.Ј (1976 ) од Прилеп , додека бил во своето ПМВ Порше Кајен-џип  пред да го стартува возилото од страна на НН лице биле испукани два проектила од пиштол кон возилото кои пробиле во совозачкото десно стакло, при што му нанело видлива повреда огреботина на ногата на М.Ј .

Повредениот  М.Ј со своето ПМВ се упатил на домашната адреса и заедно со сопругата после 40 минути од настанот се враќаат повторно на лице место и го пријавуваат случајот во полиција.На местото пронајдени се две чаури од НН калибар.Причините за сега се непознати.