Бизнис
4. January 2018 - 20:02

Пресметките за персонален данок не можат да се достават до УЈП затоа што системот не функционира

Новиот систем на УЈП, кој треба да да ги прими пресметките за персонален данок, три дена не  функционира Проблемот е во неповрзаноста со системот на банките, преку кои се врши уплатата и исплатата  на парите. Сега хонорарците стравуваат дека можат да останат без заработените пари, поради технички причини.

Согласно измените на законот кои  стапија на сила од 1 јануари, сите пресметки  за персонален данок на доход, мора електронски да се пријават во Управата., најдоцна до 10 ти  за исплати за  претходниот месец  Потоа истата ги одобрува транскацииите и  испраќа обработен образец кој го пополнува работодавачот и истиот се поднесува за исплата на парите. Измени има  кај рокот за плаќање персоналец, кој сега истекува на 15 ти во месецот,  по остварување на приходите.Исто така  кога се врши уплата  од физичко на физичко лице, на пример за закупнина,  примателот на приходите е должен до 10 ти наредниот месец да поднесе пресметка до УЈП,  а до 15 ти да го плати персоналецот. Измени и кај физичките лица кои работат за странска фирма.  Нив приходите им стигнуваа на девизна сметка. Сега приметелот ќе мора прво да поднесе образец до УЈП, до 15 ти да го плати персоналецот,или ако странската фирма го плаќа – да поднесе договор за да не дојде до двпојно палќање на данокот.Со  овие измени,  , начинот на исплаќање на хонорари се изедначува со постапката за исплата на личен доход, со таа разлика, што не се плаќаат придонеси, туку само персоналниот данок.

Аргументот на УЈП за новиот начин на пресметка е да се намалат административните бариери, да има преглед на сите уплати и веќе од наредната година кај сите физички лица  да доставува пополнета Годишна даночна Пријава.. Граѓаните ќе имаат обврска само да ја одобрат  или корегираат истата, доколку не е точна.