Македонија
5. јуни 2017 - 16:11

Премиерот Зоран Заев уште еднаш го повика обвинителот Марко Зврлевски да си поднесе оставка

Нов повик за оставка до јавниот обвинител Марко Зврлевски упати премиерот Зоран Заев. На првиот работен ден по неговиот претходен повик вели дека обвинителот треба ден поскоро да заврши со оставката за да се скратат роковите во редовна процедура. Заев оценува дека Зврлевски е еден од симболите на узурпирана правна држава и затоа според него е потребно да се даде шанса за брз почеток на реформите во правосудството.

Претседателот на Македонската Влада, најави и реизбор на судиите следејки ја европската пракса и очекува дека никој барем јавно нема да се спротистави на градење на независно правосдуство.

Заев вели дека постои изграден став помеѓу него и лидерите на коалиционите партии за продолжување на мандатот на СЈО и најави дека преку собраниска процедура и дебата ке се обидат да го променат ставот на ВМРО – ДПМНЕ за и тие да го прифатат предлогот поради неопходноста од 2/3 мнозинство за таков потег. Премиерот Заев оценува дека е неопходно институцијата да добие можност да ги финализира започнатите постапки и да ја заврши работата за која е формирана.