Премиерот Заев во прва официјална посета на Косово
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово.
Заев ќе се сретне со неговиот косовски колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.
За време на престојот во Косово, македонскиот премиер ќе се сретне со претставници на Македонско - косовската бизнис заедница.
Во македонската делегација, што ја предводи премиерот Заев, ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.
Посетата на Заев е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Република Косово.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност