Премиерот Заев со домаќинот Звиздиќ и владината делегација од Македонија оддаде почит на претседателот Борис Трајковски
Премиерот Заев со домакинот Звиздиќ и владината делегација од Македонија оддаде почит на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето во Ротимље: Беше миротворец, тоа е вредноста зад која што и ние стоиме
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со неговиот домаќин во Сараево, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, положија цвеќе на спомен обележјето каде што загина претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски.
„Претседателот Борис Трајковски беше миротворец. Овде сме да изразиме почит кон она за што тој се заложуваше, а тоа е мир, меѓусебно почитување, соработка и стабилност, по што сите копнеат. Тоа е и пораката што ја испраќаме со нашето заедничко присуство овде, тоа се вредностите зад кои што и ние стоиме“, рече премиерот Заев, во изјавата за медиумите.
Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ порача дека заедно со премиерот Заев испраќаат значајна порака за регионот.
„Тоа се нашето меѓусебно разбирање, респект и почит, со што ќе ја завиваме натамошната соработка“, рече претседавачот Звиздиќ.
На спомен обележјето во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски во Ротимље, цвеќе положија и оддадоа почит и министрите од владината делегација од Македонија, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за економија, Бектеши Крешник, за култура, Роберт Алаѓозовски и за дијаспора, Едмонд Адеми.
Премиерот Заев и владината делегација вечер ќе присуствуваат на манифестацијата “Мостар не ги заборава своите пријатели 2017“ во Мостар, каде што ќе биде потпишана Повелба на мирот и на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе му биде врачена наградата “Мostar Peace Connection“.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење