Македонија
19. March 2018 - 17:07

Премиерот Заев ја обвини опозицијата дека ги организира протестите пред домовите на пратениците од власта

МВР презема дејствија против лицата кои изминатите денови протестираа пред домовите на дел од пратениците на СДСМ, соопшти премиерот Заев. Според него, протестот е уставно право на граѓаните, но тоа што се прави пред домовите на пратениците и пред членовите на нивните семејства е кршење на приватноста на домот. 

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, пред чија што куќа вчера се одржаа протести, најави дека ќе поднесе кривични пријави против учесниците. 

По донесувањето на Законот за употреба на јазиците, македонски граѓани протестираа пред домовите на неколку претставници во законодавниот дом од СДСМ. Најтешко помина пратеничката Славица Шуманска – Митова од Виница, на која што и беше опожарен автомобилот.