Македонија
12. November 2015 - 19:56

Премиерот Груевски изврши увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, трасата речиси целосно пробиена

Пуштена во употреба реконструираната улица „Ристо Чадо“ во Охрид. Жителите повеќе нема да возат и минуваат по дупки, нерамнини, каде при поголеми дождови се собираше вода. Премиерот Груевски ја посети улицата која денеска е со изградена атмосферска канализација, тротоари без дупки и со  улично осветлување. Оваа реконструирана улица ќе овозможи подобра циркулација меѓу Видовишта, Илинден Велгошти но и сите останати населби од овој регион.

– Никола Груевски „Реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“ беше едно од најчестите барања на жителите од овој регион. Барањето беше сосема на место со оглед на тоа како изгледаше улицата претходно и немањето на сливници и атмосферска канализација.  Нашите политички опоненти најчесто ни се смеат и се подбиваат со нас кога одиме во помалите места и кога пуштаме вакви улици, патишта, водоводи или канализациони системи. Се смеат затоа што ваквите проблеми на граѓаните воопшто не се важни за нив. Ние не ги делиме проблемите на граѓаните на мали или големи. “

Целосно е пробиена трасата и дел веќе се асфалтира од автопатот Кичево- Охрид . Првата фаза од 18 км ќе биде готова до следната година а за 4 години е предвидено да биде во пуштен во сообраќај целиот автопат. Моментално работниците градат 8 потпорни ѕида, од кои еден е целосно завршен. Се работи на 4 мостови и 3 потпатника и натпатника. Пробиени се повеќе од 600 метри од тунелот Пресека кој треба да биде долг околу 2 км.

Премиерот информираше дека наскоро  ќе почне изградба на уште една делница на автопат од Требеништа до Струга . Груевски се надева дека во исто време ќе почне и изградбата на експресниот пат од Охрд до Пештани сообраќајница која се проектира и се обезбедува потребната документација.