Македонија
28. May 2017 - 16:58

Премиерот Емил Димитриев присуствуваше на канонизација на Епископ Гаврил Велички Светогорец

Со внесување на моштите на епископот Велички Гаврил Светогорец во соборниот храм „Св. Никола  во Штип, започна свечената церемонија на канинизирање на овој македонски светител. Со богослужбата чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој истакна дека покрај постојаната молитва и строгиот монашки подгвиг, отец Гаврил го красеа неуморната посветеност, имањето дарба за предвидливост и грижата за духовноста на македонскиот род.

-Дел од нас беа и се сведоци, а до другиот дел допираат сведоштвата за чудата со кои Бог го прослави овој свој угодник и за време на животот, но и по упокојувањето-изјави г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ

На свеченоста присуствуваа високи гости од политичкиот естаблишмент.

-Свети Гарврил Светогорец е од македонски род и е од редот на светците кој ќе го празнува целиот православен свет. Ова го заслужи бидејќи направи надчовечки подвизи и сосема заслужено на денешниот настан, нашата црква го прогласува за светец и народот го празнува овој ден како празник-изјави Емил Димитриев, премиер на Р.М

-Овде со собра толку многу народ, што ни говори дека во Македонија многу се почитува Гаврил Светогорец. Тој бил извонредна личност кој служи за пример како се почитуваат христијанските православни вредности- изјави Олег Шчербак, амбасадор на Руската федерација во Р. Македонија

Светецот Гаврил Светогорец е роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип. Во 1963 година ја остава световната служба и заминува на Света Гора. Бил замонашен во манастирот Свети Павле со монашко име, отец Гаврил. Во Македонија се враќа 1971 година, а Лесново станува центар околу кој постојано се движат луѓе и станува духовен отец на многумина во тоа време. Се упокојува во 1990 година.