Бизнис
1. July 2016 - 17:05

Премиерот Димитриев во увид на имплементирање на проектот ,,Македонија вработува - 1‘‘

Премиерот Емил Димитриев ја посети новотоворената фабрика за кондиторски производи во Штип. Оваа успешна бизнис приказна се разви благодарение на мерката на Владата „Македонија вработува 1“, па така во фирмата од вкупно 18 вработени, 15 лица од различни категории се вработени преку владината мерка. Преку проектот само во Штип и штипско се вработени 968 лица, во 336 компании.

-На државно ниво оваа програма на Р. Македонија и донесе 19 000 нови вработувања, а мерката ја искористија повеќе од 10 000 компании, што значи дека мерката е добро обмислена и дава одлични резултати. Затоа се одлучивме да одиме со нова мерка, „Македонија вработува 2“, која што нуди слични бенефити за компаниите, досста влијаеше на невработеноста и зголемување на бројот на работно анагажирани лица – изјави Емил Димитриев, премиер на Р.М.

Управителот на компанијата, Александар Петрушевски, истакна дека оваа мерка е од огромна помош, посебно за новите компании и охрабрување за младите лица кои ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис.

-Ние сега се подготвуваме да аплицираме и за новата програма „Македонија вработува 2“, бидејќи планираме да го прошириме производствениот процес. Имаме продажба во Македонија, извоз за БиХ и во преговори сме за извоз во Косово-изјави Александар Петрушевски, управител на „Милена свитс“-Штип

Сите заинтересирани фирми кои го исполнуваат основниот цензус, да не го  намалиле бројот на вработените заклучно со месец мај и да ги имаат платено сите придонеси и даноци, од денес ќе можат да аплицираат за новата програма.