Македонија
19. October 2015 - 17:04

Премиера на претставата „Животинска фарма“ во Театарот за деца и младинци

Претставата „Животинска фарма“, во режија на Александра Кардалевска премиерно ќе биде изведена в среда, на сцената на Театарот за деца и младинци.

Претставата е работена според истоимениот роман на Џорџ Орвел, а по драматизацијата на Гај Мастерсон.

Самата идеја да се прикаже трулежот во човечкото општество низ призмата на животните од една фарма, кои што решаваат да се ослободат од човечкото ропство, изобилува со драмски потенцијал и ветува дека на еден суптилен начин ќе ја соочи публиката со она кое што всушност преставува дел од нејзиното секојдневие.

Оваа претстава е наменета првенствено за адолесцентската  публика, која за прв пат во животот се судира со системот.

Низ многу перипетии, и метафори, треба да им помогне да  го разберат светот во кој живеат.