Македонија
26. January 2016 - 15:27

Премиера на претставата „Народен пратеник“ на Нушиќ утре во струмичкиот театар

Во театароит „Антон Панов“ во Струмица утре премиерно ќе биде прикажана претставата „Народен пратеник“ по текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Владен Александров од Бугарија.  

- Сакам да кажам дека ова е мое трето идење тука, каде што сум ги направил најубавите претстави во мојот живот по текстови на Шекспир. Многу сум среќен за оваа претстава. Работиме еден текст кој навистина е вечен. На 19 години, Бранислав Нушиќ пишува толку актуелен, обмислен и филозофски текст што просто вчудоневидува колку млад човек можел сериозно да погледне во процесот демократија. Тој се занимава со едни избори кои се краен чин на една демократија. Ние го земаме проблемот кога преку изборите се стигнува до ненормалност на човечкото суштество. Нашата идеи, нашите замисли се порака до политичарите да не со вообразуваат дека се повисока класа. Политиката треба д абиде слуга на народот, рече на денешната прес-конференција режисерот Благој Александров.

Актерите кои учествуваат во оваа пиеса сметаат дека крајниот продукт ќе биде вистинско уживање за публиката, преку која и ќе испратат сериозна порака до политичките актери.

- Вистината е дека од тогаш до денес не е ништо сменето. Јас дури го имам тоа во мојата реплика „Не оставате никој на спокојство, по медиуми, по сокаци, по штабови само агитирате. Нушиќ пресликал една ситуација на тогашното живеење и оттогаш до денес ништо не е сменето, само можеби формата, а содржината е тоа, изјави Кољо Черкезов, актер.

Според актерот Бранко Бенинов, ако театарот треба да корегира во општеството, мислам дека таквиот тип на претстави кои се политичка сатира ја исполнуваат таа цел.

- Да бидам искрен по 33 години стаж мислам дека ова ќе биде една од моите 10 најдобри претстави. Во овој период се случи страшен процес, вистинска лабораторија на тема театар од страна на сите чинители на претставата, од режисер, сценограф, кореограф и од самите актери кои заеднички ја создавдовме претставата дури и нејзината драматурпшката форма. Ние од Нушиќ ја зедовме предлошката, она што ни е потребно, тоа што ќе служи и да ја разбудиме свеста и совеста на луѓето, за да може општеството да го земамт во свои раце. А не политиката да пере мозок, вели Бенинов. 

За директорот на струмичкиот театар Драган Маџиров,ова е вистински момент за поставување на овој текст.

- Ова е прва премиера во оваа сезона на нашиот театар. Се одлучивме за текст кој е напишан пред 130 години и е прво дело на Нушиќ. Политичката криза до ден денес точно се пресликува и во оваа пиеса. Решивме да ја отсликаме точно на нашата сцена, каде што се случува едно народно собрание, парламент и душевна болница. Знаеме дека секој кандидат пратеник, за да дојде до таа позиција прави работи кои понекогаш се налудничави и опасни и за оптштеството и за самиот човек, вели Маџиров.

Сценографијата на претставата е по видувањата на Валентин Светозарев, костимографијата ја изработи Благој Мицевски, а кореографијата на Татјана Соколова. Во актерскиот дел учествуваат дванаесет глумци во ансамблот на театарот „Антон Панов“.