Македонија
11. April 2017 - 16:31

Премиера на „Мачорот во чизми“ утре во Театарот за деца и младинци

Утревечер во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе биде изведена премиерата на претставата „Мачорот во чизми“, во режија на Игор Ивковиќ.

Претставата е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста.