Фудбал
2. May 2016 - 23:08

Премиер лига: Тотенхем не победи, Лестер шампион

Екипата на Лестер е новиот шампион на Премиер лигата откако вечерва Тотенхем во рамките на последниот натпревар од 36.коло одигра нерешено на гостувањето кај Челзи 2:2.

Тотенхем имаше водство од 2:0 по првиот дел со головите на Кејн и Сон, но Челзи изедначи во второто полувреме со головите на Кејхил и Азар.
Натпреварот беше шремногу нервозен на двете страни, па судијата Марк Клатенбург покажа 12 жолти картони (3 за Челзи, 9 за Тотенхем).
Лестер е прв на табелата со 77 бодови, пред Тотенхем со 70, Арсенал има 67, а Манчестер Сити 64.