Фудбал
27. April 2017 - 7:56

Премиер лига: Тотенхем најде „лек“ за Кристал Палас

Екипата на Тотенхем оствари важна победа на гостувањето кај Кристал Палас во борбата за шампионската титула во Премиер лигата и ја намали разликата во однос на лидерот Челзи на четири бодови. Тотенхем победи со 1:0, а стрелец на голот беше Кристијан Ериксен во 78 минута. Кристал Палас во последните неколку кола постигна победи над екипите од врвот на табелата: Челзи, Арсенал и Ливерпул.
 
Синоќа минимални победи од 1:0 постигнаа и Арсенал против првакот Лестер и Мидлсброу против Сандерленд. Трите натпревари беа од 28.коло, кои беа одложени поради дуелите во ФА купот.
 
Вечерва се игра уште еден одложен натпревар од 26.коло дуелот меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
 
Табела: Челзи 78 бодови (33 натпревари), Тотенхем 74 (33), Ливерпул 66 (34), Манчестер Сити 64 (32), Манчестер Јунајтед 63 (32), Арсенал 60 (32), Евертон 58 (34),...