Фудбал
8. August 2015 - 20:56

Премиер лига: Свонси освои бод кај првакот Челзи

Екипата на Челзи успеа да освои еден бод на гостувањето кај шампионот Челзи откако во првото коло од Премиер лигата играше нерешено 2:2. 

Челзи поведе во 23.минута со голот на Оскар, а во 29.минута изедначи Ајев. Веќе во следната минута Челзи имаше ново водство од 2:1 по авгоголот на Фернандез. Во вторито дел поради прекршок надвор од 16-тникот исклучен беше голманот на Челзи Куртоа, а пеналот Гоми го претвори во гол - 2:2 во 55.минута.
Резултати на другите натпревари од 1.коло:
Манчестер Јунајтед - Тотенхем 1:0,
Бурнемонт - Астон Вила 0:1, 
Лестер -Сандерленд 4:2, 
Норвич - Кристал Палас 1:3, 
Евертон - Вотфорд 2:2.
 
Утре играат: Арсенал - Вест Хем, Њукасл - саутемптон, Стоук - Ливерпул, додека последниот натпревар се игра во понеделник меѓу ВБА и Манчестер Сити.