Фудбал
22. August 2017 - 8:07

Премиер лига: По еден бод за М.Сити и Евертон

Последниот натпревар од 2.коло од Премиер лигата одигран синоќа меѓу Манчестер Сити и Еверон заврши без победник 1:1 (0:1). Два тима дуелот го завршија со по 10 играчи поради исклучувања.
Екипата на Евертон поведе во 35.минута со голот на Вејн Руни, што за него беше 200.ти гол во Премиер лигата. Во 44.минута поради втор жолт картон Кајл Вокер од Манчестер Сити беше исклучен.
Во вториот дел домашниот тим и со играч помалку имаше доминација, а голот за изедначување го постигна Рахим Стерлинг во 82.минута. Играчот на Евертон, Морган Шнајдерлин беше исклучен поради втор жолт картон во 88.минута.
Двата тима освоија по еден бод и сега со по четири бодови се наоѓаат на делба од четвртото до осмото место заедно со екипите на Вотфорд, Ливерпул и Саутемптон.
На првите три емста на табелата со максимален учинок 6 бодови се Манчестер Јунајтед, Хадерсфилд и ВБА.