Фудбал
26. December 2015 - 17:56

Премиер лига: Лидерот Лестер поразен на Енфилд

Лидерот на табелата Лестер во натпреварот од 18.коло од Премиер лигата загуби на гостувањето на Енфилд кај Ливерпул со 1:0. Стрелец на голот беше Кристијан Бентеке во 63.минута. Со ова беше прекината серијата на лидерот Лестер од 10 натпревари без пораз, додека Ливерпул конечно по три кола се радува на триумф.

Резутати 18.коло:

Стоук – Манчестер Јунајтед 2-0

Ливерпул – Лестер 1-0

Бурнемут – Кристал Палас 0-0

Тотенхем – Норвич 3-0

Манчестер Сити – Сандерленд 4-1

Челзи – Вотфорд 2-2

Свонси – ВБА 1-0

Астон Вила – Вест Хем 1-1

Њукасл – Евертон (почеток 18:30)

Саутемптон – Арсенал (почеток 20:45 часот).

Табела: Лестер 38 бодови, Арсенал 36, Манчестер Сити 35, Тотенхем 32, Кристал Палас 30, Манчестер Јунајтед 29, Вотфорд 29, Ливерпул 27,...