Фудбал
18. November 2017 - 19:02

Премиер лига: Фаворитите без милост

Ефикасно коло во Англија во кое доминираа фаворитите. 

Шампионот Челзи убедливо со  4:0 победи на гостувањето кај ВБА. Мората ја отвори серијата голови, потоа Азар два пати го совлада домашниот голман, а еднаш меѓу стрелците сее запиша и Алонсо.
 
 
Улогата на фаворит ја потврди и лидерот  Манчестер сити кој победи со  2-0 во Лестер Сити  со головите на Габриел Жесус и Кевин де Брајн и така ја задржа предноста од девет бода пред второпласираниот Челзи.
 
 
Новиот јунак на Ливерпул  Мохамед Салах донесе победа од 2-0 за својот тим.  Репрезентативецот на Египет денес постигна нови два гола и уште во првото полувреме ја најави победата. Конечните 3:0 беа дело на Филипе Кутињо.
 
 
Ефикасен натпревар без победник (2:2) одиграа Кристал Палас и Евертон. Бурнмаут го прегази Хадерсфилд со 4:0 на домашен терен, додека Барнли оствари важна победа против Свонси од 2:0.