Фудбал
1. May 2017 - 23:05

Премиер лига: Емре Чан донесе победа за Ливерпул

Со голот на Емре Чан екипата на Ливерпул оствари победа на гостувањето кај Вотфорд на последниот дуел од 35.коло од Премиер лигата. Чан во 45+2 минута одлично реагираше додавањето од Лукас Леива и го постигна единствениот гол.

Со оваа победа Ливерпул максимално ги искористи лошите резултати на конкурентите во борбата за место во Лигата на шампионите и остана на третото место  на табелата.
На чело на табелата е Челзи со 81 бод, пред Тотенхем со 77. Двата тима имаат одиграно по 34 натпревари. Ливерпул е на третата позиција со 69 бодови од 35 натпревари, а следуваат: Манчестер Сити 66 (34), Манчестер Јунајтед 65 (34) и Арсенал 60 (33).