Фудбал
1. October 2016 - 19:27

Премиер лига: Челзи конечно победи

Екипата на Челзи успеа да ја прекине серијата од три натпревари без победа откако попалднево славеше победа на гостувањето кај Хал со 2:0. Стрелци на головите беа: Вилиан во 61.минута и Диего Коста во 67.минута. 
Пресврт победа од 2:1 во ова коло постигна Ливерпул на гостувањето кај Свонси.
Резултати од 7.коло:  Хал – Челзи 0:2, Свонси – Ливерпул 1:2, Сандерленд – ВБА 1:1, Вотфорд – Бурнемут 2:2, Вест Хем – Мидлсброу 1:1 и Евертон – Кристал Палас 1:1.
Утре се играат другите три дуели: Манчестер Јунајтед – Стоук, Лестер – Саутемптон, Тотенхем – Манчестер Сити и Барнли – Арсенал. 
Табела: Манчестер Сити 18 бодови, Ливерпул 16, Тотенхем 14, Евертон 14, Арсенал 13, Челзи 13, Манчестер Јунајтед 12,...