Фудбал
11. March 2017 - 18:24

Премиер лига: Бурнемут победи и покрај два промашени пенала

Во некомплетното 28.коло од Премиер лигата попладнево се одиграа три натпревари и на сите победија домашните екипи. Бурнемут и покрај двата промашени пенали во првиот дел го совлада Вест Хем со 3:2. Хет трик постигна Џошуа Кинг, кој промаши еден пенал. Евертон беше убедлив против ВБА со 3:0, додека Хал го победи Свонси со 2:1.
Утре на програмата е дуелот меѓу Ливерпул и Барнли.
Во средата во првиот натпревар од ова коло Манчестер Сити – Стоук 0:0.
Поради натпреварите од четвртфиналето од ФА купот одложени се дуелите: Кристал Палас – Тотенхем, Мидлсброу – Сандерленд, Арсенал – Лестер, Саутемптон – Манчестер Јунајтед и Челзи – Вотфорд.
Табела: Челзи 66 бодови, Тотенхем 56, Манчестер Сити 56, Ливерпул 52, Арсенал 50, Манчестер Јунајтед 49, Евертон 47,...