Фудбал
21. May 2017 - 18:06

Премиер лига: Арсенал остана без Лига на шампиони

Екипата на Арсенал по 20 години остана без пласман на Лигата на шампионите откако оваа екипа сезонава во Премиер лигата го освои 5.место. Конкурентите на Арсенал за позициите во ЛШ пред ова коло постигнаа победи. Ливерпул дома го совлада Мидлсброу,  Манчестер Сити беше поуспшен од Вотфорд. Манчестер Сити обезбеди директен пласман во ЛШ со освоеното трето место, додека Ливерпул како четвртопласиран ќе игра во баражот од ЛШ. Во Лигата Европа покрај Арсенал ќе играат уште Манчестер Јунајтед и Евертон, со тоа што доколку Манчестер Јунајтед го освои пехарот во Лига Европа ќе игра во Лигата шампионите.

Резултати на натпреварите од 38.коло: 
Арсенал - Евертон 3:1, 
Барнли - Вест Хем 1:2,
Челзи - Сандерленд 5:1,
Хал - Тотенхем 1:7,
Лестер - Бурнемут 1:1,
Ливерпул - Мидлсброу 3:0,
Манчестер Јунајтед - Кристал Палас 2:0,
Саутемптон - Стоук 0:1,
Свонси - ВБА 2:1,
Вотфорд - Манчестер Сити 0:5.
Конечна табела: Челзи 93 бодови, Тотенхем 86, Манчестер Сити 78, Ливерпул 76, Арсенал 75, Манчестер Јунајтед 69, Евертон 61, Саутемптон 46, Бурнемут 46, ВБА 45, Вест Хем 45, Лестер 44, Стоук 44, Кристал Палас 41, Свонси 41, Барнли 40, Вотфорд 40, Хал 34, Мидлсброу 28, Сандерленд 24.
 
Од лигата испаѓаат: Хал, Мидлсброу, Сандерленд.