Фудбал
12. August 2017 - 10:14

Премиер лига: Арсенал „извади“ победа на стартот од сезоната

Фудбалерите на Арсенал стигнаа до победа од 4:3 над Лестер на „отворањето“ на новата сезона од Премиер лигата. Победничкиот го, го постигна Оливие Жиру во 85.минута откако претходно Лестер водеше со 2:1 и 3:2.

Во натпревар со пресврти Арсенал поведе во 2.минута преку ново засилување Лаказет, а изедначи Оказаки во 5.минута. Првото водство за Лестер го донесе Варди во 29.минута, а изедначи во финишот на првиот дел Велбек (45+2). Оказаки му донесе на Лесетр водство до 3:2 во 56.минута, а „топџиите“ до победата стигнаа со головите на Ремзи 83 и на Жиру 85.