Бизнис
30. December 2015 - 19:50

Преку проектот „Македонија вработува“ – Вработени 11.000 лица

Со Македонија вработува отворени 11 илијади работни места. Поволснотите  ги искоритиле  6. 600 компании.  На еден ден пред крајот на годинава, надлежните ги сумираа бројките од  мерката. Задолволни од резултатите најавија дека Македонија вработува продолжува и догодина. Проектот помогна голем број семејства да ја подобрат својата егзисетнација, а фирмите да го обезбедат потребиот кадар за работа.

- Би сакал да ги поттикнам сите заинтересирани за проектот да ги искористат поволностите што ги нуди Агенцијата за вработување. Заедно со нејзините служби ја продолжуваме акцијата, се бориме за секое работно место, но се бориме и да им помогнеме на заинтересираните да се ориентираат кон занимањата што се барани на пазарот на труд, нагласи заменик-министерот Диме Спасов

Со користењето државните мерки за намалување на невработеноста, макеоднската компанија МИК Свети Николе успелала да вработи 90 лица.

При посетата на компанијата, од Агенцијата за вработување најавија нов оглас  за ИТ вештини.

Во наредниот период ќе се спроведат и обуки за дефицитарни кадри кои се неопходни на пазарот на трудот.