Бизнис
27. November 2015 - 20:11

Преку „Македонија вработува“ – 9600 лица се вработиле во 5900 компании

Тетовската текстилна  компанија Империјал е само еден успешен пример која со помош на државните мерки го вработила потребниот кадар. Преку категориите од Макеоднија вработува во фирмата работа добиле 8 лица. Поради недостаток на шивачки на пазарот на трудот ,претпријатието ја користи и мерката обука кај познат работодавач, преку која во наредниот период 20 лица ќе почнат на пракса.

- Имаме потреба од дополнителен кадара, шивачката професија е дефицитарна на пазарот на трудот. Ги користиме мерките и субвенциите и досега преку нив имаме вработено 8 лица, а в тек е посредувањето преку Центарот за вработување во Тетово за прием на дваесет лица кај познат работодавач, а по обуката фирмата ќе може иситте да ги задржи на работа, рече Александар Кузмановски- тетовска текстилна компанија

Според последните податоци, со  Македонија вработува досега до работно место дошле 9.600 лица.

Државните мерки за намалување на невработеноста ги даваат посакуваните резултати. Со проектот за вработување на млади до 29 години работа добиле 10. 700 лица, преку мерката практиканство пак 65 отсто од лицата се вработиле. Поради ефикасноста, обуките кај познат работодавач продолжуваат и догодина.