Бизнис
23. December 2016 - 20:28

Преку „Македонија вработува 2“ досега вработени 3763 лица

Сетот поволности од Македонија вработува 2 досега го искористиле 2816 фирми за вкупно3763 вработувања.

Раководителот на Центарот за вработување Скопје вели дека продолжението на овој проект преку кој во првата фаза се реализираа 18 илјади вработувања, сега е уште подобро дизајниран за поттикнување на отварањето нови работни места.

Надлежните очекуваат преку овие поволности да се реализираат од 15 до 20 илјади нови работни места до истекот на рокот во април догодина, а заштедите за компаниите да бидат од 2 до  10 илјади евра.

Се нудат ослободувања од плаќање придонеси од 36 до 60 месеци, како и до остварување право на пензија, зависно од возраста на невработеното лице кое го пополнува работното место.

Условот за работодавачите е да ги задржат работниците уште најмалку 12 месеци откако ќе ги искористат бенефициите, со исклучок на оние што се најблизу до пензија.