Македонија
28. September 2017 - 13:03

Прекинато водоснабдувањето во Мрзенци и околината

Пред околу еден час прекинато е водоснабдувањето на корисниците од селото Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“ и на Негорските минерални бањи, информираа надлежните од Јавното комунално претпријатие во Гевгелија.

Водоснабдувањето во овој дел од општината, велат тие, е прекинато поради монтирање на мерно-регулациска опрема на главната водоводна линија Ф 200 во кругот на поранешната фабрика „Зора“.

До нормализирање на водоснабдувањето на корисниците од наведените места ќе дојде откако ќе заврши монтажата на опремата, поточно во попладневните часови.