Кошарка
23. November 2017 - 9:18

Прекината победничката серијата на Бостон

 
Мајами Хит е екипата која му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа Селтикс со 104:98. Клучната предност Мајами ја освтари уште во првата четвртина која заврши 27:16.
 
Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами.
 
Во поразениот состав се истакнаа Д Вотерс со 26 и Кајри Ирвинг со 23 поени.
 
И покрај поразот, Бостон со 16 победи и само три порази е најдобар тим во НБА лигата, додека Мајами сега има биланс од осум триумфи и девет загубени средби.