Бизнис
2. March 2017 - 19:52

Прекинат протестот во железницата, попладнево тргнаа првите возови

Прекинат протестот  во македонски  Железници, Вработените и раководството постигнаа договор. Наредната недела ќе им биде исплатена втората половина од јануарската плата, а до крајот на месецот и февруарската. Договорено е од наредниот месец исплатата на платите да тече редовно., согласно законот.

По дво неделен протест, попладнево почнаа да сообраќаат товарните возови. Оу утре се очекува и патничкиот транспорт да се нормализира. Што значи железничкиот превоз ќе биде ставен целосно во функција

Вработените во македонски железници протестот го почнаа поради неисплатени 2 плати.  Поранешниот директор Никола Костов апелираше да се вратат на работа, за да не трпат бизнисот и патниците. По неуспехот да се договорат со Синдикатот, си поднесе оставка. Колкави се штетите од протестот,  допрва ќе се утврдуваат, Компаниите кои го користатат  овој транспорт изјавија дека се соочуваат со огромни загаби и поради тоа најавија тужби.