Свет
28. May 2017 - 10:15

Прекин во напојувањето со струја причина за за падот на ситемот на „Бритиш ервејс“

Причина за падот на системот за информатички технологии (ИТ) на „Бритиш ервејс“, поради што вчера беа откажани  сите летови од главните лондонски аеродроми „Хитроу“ и „Гетвик“, е прекин во напојувањето со струја, соопшти оваа британска авиокомпанија.

„Веруваме дека  причина за прекинот е напојувањето со струја и немаме докази дека станува збор за кибер напад“, изјави Алекс Круз, директор на „Бритиш ервејс“ во видео порака на Твитер, пренесоа британските медиуми.

Тој изрази жалење за непријатностите што илјадниците патници ги доживеаја поради откажување на летовите.