Прекин на огнот во Сирија на 27 февруари, ИД не е вклучена
Договор за прекин на борбите во Сирија ќе стапи во сила на 27 февруари, објави телевизијата Ал Џазира, повикувајќи се на документ за кој се договориле Русија и САД.
Договорот меѓу САД и Русија подразбира дека прекинот на непријателствата ќе стапи во сила на полноќ на 27 февруари, наведе телевизијата, пренесува ТАСС.
Терористичките групи Исламска држава и Џабат ал Нусра, која е забранета во Русија, не се вклучени во договорот.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, се договорија за дополнителни параметри потребни за прекин на огнот во Сирија, соопшти синоќа руското МНР, по телефонскиот разговор на двајцата дипломати.
Во соопштението на руското Министерство се наведува дека Лавров и Кери синоќа разговарале уште два пати телефонски, јави ТАСС.
Кери во Јордан изјави дека со Лавров е постигнат прелиминарен договор за условите за прекин на огнот во Сирија.
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан