Македонија
21. February 2018 - 16:41

Прегрупирање во албанскиот политички корпус, по дефинитивниот раскол во БЕСА

Крилото од БЕСА на Африм Гаши со тројца пратеници во коалиција со двјцата народни избраници на ДПА на Мендух Тачи би била новата пратеничка група кој би претендирала да влезе во владата на Заев. Последните неофицијални информации од крилото на Гаши се дека веќе имало конткати со ДПА, додека пак Тачи ја добил задачата да преговара со Заев. Во владата се упте стои едно празно место – министер без ресор за странски инвестиции.

Од друга страна, расколот во БЕСА би предизвикал и друго прегрупирање – пратениците кои би останале со Биљал Касами да коалицираат со пратениците на Алијансата на Албанците на Села. И ова крило претендира да влезе во владината коалиција, но шансите за тоа се многу помали, коментираат извори о далбанскиот блок.

Од крилото на Гаши велат дека засега шпекулации се средбите на лидерот со ДПА за коалиција, но потврдуваат дека се надеваат на соработка со партии од албанскиот блок кои сега се во опозиција.

Аналитичарите пак, коментираат дека новата распредлба на силите во албанскиот блок би одело во корист на владејачкото мнозинство

Дали паралементот до крајот на февруари ќе добие нова слика во распоредот во собраниските клупи ќе се знае по конгрес ќе одржи и крилото на Касами во недела во Скопје. Касами засега легално го поседува брендот Беса. Од крилотото на Гаши пак, денеска обвинија дека тој ја фалисификувал регистрацијата на партијата. Од оваа струја на Беса тврдат дека Касами во ноември во централниот регистар неместо постојните претседатели на локалните ограноци пријавил други лица.