Македонија
13. February 2018 - 19:03

Преговорите во Виена завршија - нема информации дали е постигнат напредок за името

Ниту по 5 часовната средба на министрите за надоврешни работи на Македонија и Грција со медијаторот Нимиц, нема информации за напредок во решавањето  на спорот со името.

Во соопштението од македонското министерство за надоврешни работи се вели дека

  По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласиле да ги продолжат напорите под покровителство на ОН.

Иако најавувана како клучна недела за решавање на деценискиот спор, во јавноста не се откриваат детали ниту од денешните раговори, ниту од вчерашната тет-а-тет средба помеѓу Димитров и Коѕијас во Виена.

Нова среба помеѓу двајцата министри е можна кон крајот на неделава во Софија.

Двете министерства не откриваат дали на овие средби се разгледува нацрт-договорот од четири точки кој Коѕијас го најави како прв чекор кон решавање на деценискиот спор. Според грчкиот министер, доколку оваа спогодба биде прифатена и добие зелено светло од парламентите на двете земји, ќе биде отворен и патот на Македонија кон НАТО и Европската унија.  

Нејасно е што содржи овој документ и каква спогодба би постигнале двете земји со оглед на спротивставените ставови. Според премиерот Зоран Заев, македонската страна е подготвена да прифати име со географска одредница, но без промени на Уставот, додека грчкиот државен врв останува на позицијата за име за севкупна употреба и уставни промени за повлекување на иредентистичките ставови.

Интензивирањето на разговорите помеѓу Скопје и Атина се оценува како обид за финализирање на преговорите околу спорот со името помеѓу двете земји.