Македонија
12. November 2017 - 16:06

Прегласување во Чаир за избор на градоначалник- гласањето тече мирно

Прегласувањето во Чаир се одвива во мирна и демократска атмосфера. До попладнево излегле околу 20 проценти од граѓаните. Во избирачкото место 2901 се прегласува по уважената тужба од Управниот суд каде една политичка партија се жалеше на одбиените приговори од  ДИК.

Доколку на граѓаните им е прекршено избирачкото право во текот на денешниот ден можат да пријават во ДИК.

Избирачкото место е отворено навреме,  основното училиште Иднина каде се прегласува во оваа општина е под силно полициско обезбедување.

Граѓаните очекуваат изборниот ден да заврши без инциденти.

Разликата помеѓу двајцата гласачи во ова избирачко место беше 66, додека на ниво на општина 209 гласа. По денешното гласање можен е пресврт, од нив ќе зависи кој ќе раководи со општината Чаир. Ова е единственото место каде денеска се прегласува.