Македонија
11. January 2017 - 13:22

Прегазил пешак возејќи камион во рикверц

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против Н.Б. (30) од с.Добридол поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “загрозување на безбедноста на сообраќајот“. 
 
Имено на 16. август минатата година околу 09,20 часот на локален пат во село Добридол-гостиварско, пријавениот управувал патничко возило марка “Форд“ и при движење наназад, без претходно да се увери за сигурноста со превземеното дејствие на останатите учесници во сообраќајот, со задниот дел од камионот удрил и го соборил пешакот Л.Џ. кој од ударот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал во Медицински Центар Гостивар.