Македонија
24. October 2015 - 19:07

Прегазено на пешачки премин, 11- годишно девојче загина во Влае

 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 15:30 часот во скопската населба Хром загина девојче на возраст од околу 11 години.

Како што информираат од МВР, товарно моторно возило удрило во пешакот на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски“, „Ангел Динев“ и „Стефан Филиповиќ“, додека довојчето се обидувало да ја премине улицата на пешачки премин.

Екипа на итна медицинска помош констатирала дека малолетното девојче починало на лице место.

Очевидци тврдат дека девојчето било со својата мајка останала да пазари во блискиот маркет, а девојчето кое било пресреќно што добило нова јакна брзало кон дома. Камионот ја прегазил на пешачки премин, немало траги од кочење и тоа починало на самото место зошто камионот со три трикала поминал преку неа. Мајката останала четири часа покрај мртвото тело на своето чедо, додека полицијата вршела увид на местото на несреќата/

Засега не е откриен идентитетот на несреќното девојче.

Полицијата ги испитува причините за несреќата.