Македонија
26. October 2016 - 22:54

Прегазено девојче на пешачки премин во Центар

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот на булеварот Климент Охридски. Според информациите на МВР,  возило марка „голф 4“ со скопски регистарски ознаки прегази девојче. 

Девојчето веднаш било пренесено со Итна помош во Ургентниот центар во Скопје. 

Полицијата врши увид на местото на несреќата. 

ФОТО: ТВ Нова